Во текот на изминатотот деноноќие, за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на ковид-19, во Општина Кичево две лица не ја почитувале забраната за движење.
Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир,кражби и сообраќајни незгоди. На ниво на СВР-Охрид извршени се и 24 контроли врз лица во самоизолација каде припаѓа и општина Кичево и 33 контроли врз угостителски и други објекти.
Во текот на вчерашниот деноколу 18.30 часот на улицата „Влашки Пат“ во Кичево, Д.С.(25) го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз лицето С.З.(21), двајцата од Кичево. ОВР-Кичево по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава.
Во Кичево продолжуваат континуираните напади врз недолжните граѓани од кучињата скитници.Така во текот на вчерашниот ден лицето С.Р.(35) од кичевското село Подвис пријавил дека истиот ден во 18,45 часот на улица „Тренко Тасески“ во Кичево, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. З.А.
Кривична пријава од ОВР Кичево на лице од село Другово
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против лицето Љ.Б.(25)од кичевското село Другово. На 6 мај во 3 часот, при вршење контрола полициските службеници сопреле возило „Фиат-Стило“ управувано од пријавениот. При оваа контрола констатирано е дека тој нема соодветна дозвола издадена од надлежен орган и дека не ја почитува мерката за забрана на движење на населението за време на полициски час. З.А.