Во општина Прилеп денеска има двајца новозаболени и двајца оздравени пациенти од коронавирус.
Бројот на активни случаи, како што информираат од општината изнесува 20, од кои 12 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 4 лица позитивни на коронавирус.
Во самоизолација се наоѓаат 73 лица, а заради неносење заштитни маски, во деновите од викендот на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.
Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 229, бројот на оздравени е 190, а извршени се околу 2.000 тестирања.
Како последица од коронавирусот, во општините кои ги покрива Центарот за јавно здравје – Прилеп, починале 19 лица.
Ка.М.