Во општина Прилеп денеска се евидентирани два нови случаи на новозаболени од ковид-19, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест, информираат од општина Прилеп.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, а петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 234 лица.
За време на викендот, забележани се шест нарушувања на полицискиот час.
Од почетокот на пандемијата до денеска, во општина Прилеп вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица. Ка.М.