Кочанското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни за две лица кои освен што не постапувале според утврдените здравствени прописи односно го прекршиле полицискиот час, исто така и се пресметале со полициските службеници.
Со ова, покрај кривично дело, непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, тие сториле и кривичното дело напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста.
За сторените прекршоци, обвинителството му предложи на судот на обвинетите кочанчани да им изрече парични казни во висина до 2.000 евра.
Со истатата казана ќе се санкционираат уште 23 лица од Кочани кои пеш или со возило се движеле низ градот за време додека на сила била забраната за движење на населението.