Дванаесетте нови случаи на коронавирус во Гевгелија се полицајци од странските земји коишто учествуваат во мешаните патроли за спречување илегални премини на македонско-грчката граница, објавија повеќе медиуми.

Полицајците биле без симптоми, но биле откриени по направениот скрининг пред заминување назад во матичната држава. Сите се ставени во карантин, исто како и нивни колеги со кои имале контакт, откако излегле резултатите од тестирањето, соопшти д-р Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје од Гевгелија.

Според последните податоци на Министерството за здравство во Гевгелија има 46 активни случаи, од кои седум лица се жители на Дојран, 11 на Богданци, а 12 се странските државјани.