На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани.
Од Министерството за здравство соопштија дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 2.276 граѓани. Со последните бројки 40 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.