Синоќа во доцните вечерни часови во хотелот „Ибис Стајл“ се примени 59 луѓе кои е потребно да се во изолација. Тие во земјава влегле на граничниот премин Деве Баир и од Косово. Во хотелот се и шестмина полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои се менуваат на смени.
Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Лицата со симптоми на ковид-19 ќе бидат пренесувани со асистенција на Министерството за здравство во Инфективната клиника. Согласно ова, четири лица кои вчера вечерта имаа покачена температура на проверката, веднаш беа испрати во Инфективната клиника.