Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус.
Бројот на активни случаи изнесува 47, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 51 лице.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 337.
Ка.М.