Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, односно во периодот од 7 до 13 јуни 2021 година, во општината имало осум нови случаи на ковид-19. Нема случаи на починати од коронавирусот. Дваесет лица се водат како активни случаи, а во болнички услови се лекуваат три лица. На домашно лекување се 17 лица.
Вкупниот број на заразени во Прилеп од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 8.319, а починалe 426 лицa.
Ка.М.