Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 702 нови случаи, а 24 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти.
Пријавени се 24 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).
Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952.