Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 2.357 тестирања, а регистриран е 171 нов случај на Ковид-19 во: Скопје – 58, Куманово – 16, Битола и Радовиш – по 9, Виница – 8, Кочани и Кичево – по 7, Прилеп, Охрид и Штип – по 6, Велес и Струмица – по 5, Тетово, Гостивар и Ресен – по 4, Кавадарци – 3, Струга, Неготино, Свети Николе, Кратово и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Пробиштип,Крушево и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 26 починати лица: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.