Денеска во Здравствениот дом во Куманово почна, односно продолжи вакцинацијата за граѓани постари од 72 години, кои овојпат ќе се вакцинираат со вакцината „Фајзер“. Со вакцината во текот на оваа недела ќе бидат вакцинирани 900 граѓани.

Вакцинирањето на граѓаните се спроведува во Здравствениот дом во Куманово на два пункта споени во еден и тоа секој ден од 08.00 до 18.00 часот и на дневна основа се планираат по 206 вакцинирања, а истото се одвива под надзор на медицински тим кој работи во две смени и е составен од четири лекари и осум медицински сестри со коишто раководи и менаџира началничката д-р Снежана Јовановска.
Вакцинацијата функционира по принципот со закажување на „мој термин“, кое што се одвива преку матичните лекари и засега во оваа фаза ќе бидат опфатени само граѓаните постари од 72 години. Предходно со вакцината на „Астразенека“ беа вакцинирани 910 граѓани, истотака од старосните ризични групи од кои што меѓу првите на стартот беа вакцинирани 90 станари на Домот на стари лица „Зафир Сајто” во Куманово, а голем број на граѓани беа вакцинирани и на терен и во домашни услови при што медицинските лица од градот покажаа висока професионалност и хуманост кон најстарите и болните лица.
Т.Д.