Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
– На интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден – информираат од ресорното министерство од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома биле пуштени 7 оздравени пациенти.
Од вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.