фото: Зоран Антоски

Во изминатите 24 часа полициските службеници на ниво на ОВР-Кичево, за неносење лична заштита на лицето, на 39 граѓани им издадале прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила, за носење лична заштита на лицето заради спречување на заразната болест ковид-19.

Во истиот период на подрачјето на Кичево евидентирани се 22 лица во изолација, кај сите изолирани граѓани од страна на полициски службеници извршена е контрола и не се регистрирани неправилности. Во истовреме на ниво на ОВР-Кичево регистрирани се вкупно 14 лица во самоизолација и во овој случај полициските службеници извршиле контрола кај сите самоизолирани граѓани.

Воедно полициските службеници самостојно и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 42 контроли врз угостиотелски и други објекти, од кои и дел на ниво на ОВР-Кичево.
З.А.