Во Кичево се регистрирани двајца заболени од ковид-19 во еден ден, со што бројот на вкупно заболени се искачи на пет, а моментално активни се три случаи.
Третиот заразен по првиот тест е негативен и за утре се очекува да биде направен и вториот тест.
– Двајцата новозаразени од ковид-19 се на возраст од 53 (жена) и 58 години (маж), и не се во никакво сродство. Жената е пренесена во Центарот за јавно здравје во Битола и е нејасно како дошло да нејзино заразување, додека мажот со полесна клиничка слика е во домашна изолација. Се преземаат мерки да се утврди со кои лица новозаразените претходно биле во контакт – истакна Емин Насуфи, член на Кризниот штаб.
З.А.