Билтенот на новозаболени и оздравени во Кичево последните десетина дена е поволен , ако се има предвид фактот што бројот на новозаболени е во стагнација, додека бројот на излекувани речиси секојдневно е во пораст. Така во изминатото деноноќие во оваа општина се регистрирани тројца инфицирани граѓани и деветмина оздравени, по што бројот на активни случаи се сведе на 100.
– Во нашата општина во последно време опаѓа бројот на новозаболени од ковид-19 , додека во исто време стагнира бројот на новозаболени, а тоа најдобро го отсликува денешниот биланс на тројца новозаболени и дури деветмина излекувани пациенти. Ако се има предвид полесната клиничка слика на новозаболените, за очекување е денешните бројки да се повторат и наредните денови. Во мометов околу 80 проценти од инфицираните со ковид-19 од нашиот град се на домашно лекување, додека околу 20 проценти се на лекување во болниците во Скопје и во Битола, тие се на кислородна подршка и примаат инфузии – рече д-р Џабир Бајрами , директор на Здраствениот дом Кичево. З.А.