На Инфективното одделение на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп се хоспитализирани 18 лица позитивни на ковид-19, од кои 16 се со лесна клиничка слика, а две лица се на повремена кислородна поддршка.
Како што се вели во писмената инфромација од општина Прилеп, во изолација се наоѓаат 4 лица сомнителни на коронавирус, на кои им е земен брис и се чекаат резултати.
Инаку, во изминатите 24 часа нема регистирано новозарзаени од ковид-19 во Прилеп, а досегашната бројка изнесува 117 евидентирани случаи. Во самоизолација во Прилеп се 496 лица.
Во деновите од викендот, од петокот до денеска, евидентирани се 10 нарушувања на полицискиот час. Против прекршителите ќе бидат преземени соодветните законски мерки, велат надлежните.
Ка.М.