Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.
Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар, се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.
Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациеет од Занзибар.
Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот видна короната, кој се смета за еден од најзаразните во моментов.
Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.