Во Герентолошкиот дом за стари и изнемоштени лица во Битола позитивни се вкупно 23 корисници.
Откако најпрво беше утврдено дека позитивни на ковид-19 се 12 лица, со тестирањата што се направија во текот на вчерашниот ден кај 17 пациенти, се констатира дека 11 се позитивни, додека 6 се негативни. Тестирани се и 7 вработени кои, според зборовите на директорката на Центарот за јавно здравје, имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика.
Засега нема конкретна информација како влегол вирусот во домот.
– Засега само 7 од вработените се со лесна симптоматологија, земени се брисеви и неколку денови се во домашна изолација додека ги чекаат резултатите. Со оглед на тоа што сите пациенти се лежечки кои не излегуваат, а посетите се забранети, најверојатно заразта ја донел некој од вработените од надвор – вели д-р Крстева.
Се преземаат сите мерки потребни за заштита и спречување на ширењето на другите пациенти.
М.М.