Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 597 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на вирусот, додека пак во главниот град таа бројка е 263 лица.
Исто така, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 15 нови пациенти поради компликации од вирусот.
– Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 18, во ковид-центарот во Гостивар 19, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 13, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот – се наведува во соопштението на ресорното министерство од каде нагласуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.