Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.147 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 17 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.