Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ Македонија е 579 и има околу 461 празни болнички кревети во ковид-центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болниците во Скопје се хоспитализирани вкупно 230 лица, од кои 18 во изминатите 24 часа.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид-центарот во Гостивар 15, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.