На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 795 пациенти, од кои 303 се леуваат во болниците во Скопје. Во останатите градови бројот на ковид-пациенти е 492.
– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 795 и има околу 342 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла – соопшти Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.