Битола во изминатите 14 дена беше еден од ретките градови во кој немаше нов заболен од вирусот ковид-19. Но, во последните два дена се појавија двајца позитивни пациенти, за да во последните 24 часа повторно во Битола да не биди регистриран нов случај на коронавирус.

Според информациите од Центарот за јавно здравје од почетокот на пандемијата во Битола се регистрирани 30 случаи, а бројот на активни случаи е 3, додека денеска еден пациент од Битола е оздравен и отпуштен дома.

Инаку во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 лица позитивни на ковид-19.

На Клиничката болница во Битола, која е регионален центар велат дека најголемиот број од хоспитализираните лица се од охридско-струшкиот регион и пациенти од југозападниот регион на Македонија.

М.М.