До пред извесно време од Клиничката болница во Битола беше речено дека во градот под Пелистер нема повеќе заболени од ковид-19 и затоа по затворањето на Модуларната болница беше затворено и Инфективното одделение, каде почна и реновирањето на санитарните јазли.
Но, во последните денови сѐ повеќе расте бројот на новите позитивни лица на ковид-19, а некои денови има и по неколку нови случаи.
Така, само во вчерашниот ден биле констатирани седум новозаболени лица, па сега бројот на позитивните на ковид-19 во Битола изнесува 25. Но, ваквото драстично зголемување на бројот на новозаболените лица воопшто како да не ги загрижува здравствените и општинските власти. Во Битола секојдневно се одржуваат разни концерти, забави, свадби на кои ретко се почитуваат здравствените протоколи и на кои редовно присуствуваат повеќе присутни од дозволениот број, а во кафулињата на Широк Сокак буквално врие од гости и со часови се чека да се ослободи некое столче.
М.М.