Во герила акција на кејот покрај реката Вардар, ВМРО-ДПМНЕ нацрта 4.108 срца со цел, како што велат од партијата, да бидат потсетник на оние кои го изгубија животот во борба со вирусот ковид-19. Воедно, опозициската партија бара одговорност и одговори од министерот за здравство, Венко Филипче.
– Уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од ковид-19 – рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.