Владата ќе ги разгледува новите предлог-мерки на утрешната седница, откако на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) не беа донесени заклучоци.
Министерот за здравство Венко Филипче утринава ги предложи мерките на состанокот на (ГККШ), посочувајќи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат, и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба, како и за покачување на вакцинацијата во државата.
Предвидено е Филипче вечерва да одржи состанок со Синдикатите, како би ги слушнал и нивните предлози кои ќе бидат презентирани и на владината седница.
Слични, но и доста поригорозни мерки се воведени во повеќе држави во регионот, меѓу кои се Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија и Холандија.