Владата на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до претседателот на Стево Пендаровски со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена.
На оваа седница, Владата го дополни и усвои протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Македонија за избрани функционери вработени во Владата и во министерствата, државјани на Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.