Владата на денешната седница усвои Уредба за интервентна набавка на респираторни машини за време на пандемијата на коронавирус, со која се уредуваат условите и постапката за итна набавка на 200 респиратори при вонредна состојба.
За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб-страницата, кој ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување, информираат од владината прес-служба.
Оценка на пристигнатите понуди ќе врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство.