На денешната седница Владата ја дополни уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба, со која е предвидено во јавниот превоз на патници нивниот бројот во возилата да изнесува најмногу до 50 отсто од капацитетот на возилата, а кои е задолжително да бидат опремени со маски и ракавици и да се дезинфицираат.
Со оваа измена задолжителните мерки ќе се однесуваат и на правните субјекти што вршат превоз на патници за сопствени потреби.