Бројката на заболени со коронавирус во земјава се искачи на 31. Министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук“ објави дека уште петмина пациенти кои биле тестирани попладнево се позитивни на вирусот.
 

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.Позитивна е сопругата на веќе…

Posted by Венко Филипче on Вторник, 17 март 2020

 

– Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот. Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31 – соопшти Филипче.