Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ држават, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.
Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот ковид-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски – брз тест.
Изминатива недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров,Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни, соопшти Министерството за здравство.