По неколкуте денови кога бројот на инфицирани од ковид-19 во Кичево бележеше зголемен раст, денес бројката е нешто помала и регистрирани се само двајца новозаболени, со што вкупната бројка на активни случаи се зголеми на 80, тринаесет лица се оздравени, од кои едно денес е влезено во евиденцијата на излекувани и за жал три лица починаа.
– Повеќето новозаболени од последните неколку дена се лица со полесна клиничка слика и се наоѓаат на домашно лекување а за нивната здраствена состојба редовно се информираат матичните лекари – информира членот на Кризниот штаб, Д-р Џабир Бајрами, кој упати апел до граѓаните задолжително да носат заштитни маски кога се во затворен простор, да одржуваат прописно растојание, да не се групираат и да одржуваат редовна хигиена на рацете. З.А.