Бројот на хоспитализирани пациенти на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола изнесува 60 легла.

Во овој Регионален центар најголемиот број од хоспитализираните пациенти се од Битола, но има и од Демир Хисар, Ресен, Прилеп и други градови од околината.

Со оглед на тоа што капцитетот на Инфективното одделение е веќе исполнет, во договор со Министерството за здравство, Интерното одделение е прилагодено за прием и лекување на пациенти инфицирани од ковид-19

Инаку згрижените пациенти се на возраст од 32 до 85 години. Во Битола во изминатиот викенд починаа двајца пациенти, меѓу кои и познатиот голман на Пелистер, Томе Димитровски-Тарзанот, кој почина на возраст од 70 години.

М.М.