Министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.
– За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата – изјави Филипче во врска со вчерашниот рекорден број од 50 починати во еден ден од ковид-19.
Како што кажа министерот, секаде во Европа и околните земји се случува истото, има млади луѓе каде влошување на состојбата настанува за неколку часа и покрај целиот терапевтски пристап.