– Задржете се што пократко во продавницата, со тоа што ќе направете список дома за вашите потребни намирници и така ќе го скратите времето на престој во продавниците за храна. Доколку е возможно обезбедете маска и ракавици и користете ги за време на пазарењето. Кога избирате храна во вакви услови, најдобро е да изберете прехранбени производи кои вообичаено ги купувате, така што не морате детално и целосно да ги читате иформациите од етикетите, бидејќи тие етикиети од претходно ви се познати – се вели во препораката.
Задолжително направете визуелен преглед на амбалажата или производот, односно проверете дали амбалажата е оштетена и проверете ги органолептичките својства.
Задолжително проверете го датумот на производсво, односно рокот на траење.
По завршување на пазарењето и излегувањето од продавница, дезинфицирајте ги рацете со препорачано средство за дезинфекција.
Користените ракавици за еднократна употреба по напуштањето на продавницата фрлете ги во канта за отпадоци.