Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) до операторите со храна испрати препораки за однесување на вработените во производствените капацитети за храна.
На компаниите кои се занимаваат со производство на прехранбени производи, со оглед на актуелната соостојба со коронавирусот, АХВ им препорачува производствениот процес да го организираат водејќи сметка во погоните каде непосредно се врши производство, да се внимава и да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до 2 метри.
Вработените задолжително треба да носат заштитна маска и истата да ја менуваат почесто, на два до четири часа и секогаш во случај на нејзино оштетување, или загадување, со крв или друга нечистотија.
Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете треба добро да се измијат и дезинфицираат, а исто така и по нивното вадење.
Лицата задолжени за обезбедување на објектот, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така треба да носат лична заштитна опрема.
Во производствениот објект, пред влезот во работните простории, задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки.
АХВ препорачува да се врши почесто проветрување на работните простории, односно, повеќе пати во текот на денот, доколку е тоа можно, преку природна или вештачка вентилација.
Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на ХАЦЦП принципите.
Во работното време, од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за одржување на повисоко ниво на лична и општа хигиена, а за време на паузите, вработените да не се групираат и да внимават и одржуваат меѓусебно растојание од минимум 1,5 до 2 метри.
Да се избегнува меѓусебен контакт на вработените лица од погоните во текот на работниот процес, особено со административните службеници. Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи заштита маска и ракавици.
АХВ советува и да не се одржуваат состаноци и истите да се спроведуваат по телефон, или по пат на електронска комуникација.
По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот.
Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на ковид-19, лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје.