Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни соби за граѓаните којшто ќе користат легло за изолација или карантин, соопштија компанијата.
Оттука велат дека се подготвени за соработка со надлежните државни институции и спроведување на сите стандарди кои ќе бидат потребни за безбедно и соодветно менаџирање на капацитетите во својство на карантин.
– Сакаме да придонесеме кон создавање на услови кои ќе овозможат ефикасно справување со кризата која целосно го смени начинот на функционирање на нашата држава, но и на целиот свет – нагласија од Макпетрол АД.