По два мирни дена без прекршување на полицискиот час, во текот на изминатотот деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на ОВР-Кичево три лица го прекршиле полицискиот час.
Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.
ОВР Кичево до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Г.С.(53) од Кичево, за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Тој на 30 април во 21,20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод при управување со ПМВ, од страна на полициски службеници било констатирано дека немал соодветна дозвола за движење во време на полициски час.
З.А.