Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека од денеска ќе работат со скратено работно време односно од 11 до 19 часот. Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08 до 22 часот.
 
– Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донесување на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Северна Македонија – се наведува во заедничкото соопштение.
 

Промената на работното време ќе остане сè додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска на прес-конеференција кажа дека ќе ѝ предложи на Владата да донесе одлука за целосно затворање на трговските центри секаде во државата.