Спортските обложувалници, членките на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија АСОМ – Скопје, ќе работат со скратено работно време.
– Спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време, од 7 до 18 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти Одлуката е на важност до 24 март. Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата – велат од АСОМ.
Дополнително, од таму информираат дека ги преземаат сите мерки за заштита на вработените и играчите во обложувалниците – членки на АСОМ.
– Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат. Апелираме до играчите, во целост да се придржуваат до мерките – велат од АСОМ.