Министерството за здравство ја информира јавноста дека во склоп на Клиничкиот блок „Мајка Тереза во Скопје и во ГОБ „8 Септември”, се зголемија капацитетите за хоспиталзација на пациенти со ковид-19. Пуштен е во употреба дел од Клиниката за трауматологија од УК ТОАРИЛУЦ со 25 болнички кревети.
На Клиниката за пластична и реконструктивна хрургија и на Клиниката за торакална хирургија обезбедени се 50 болнички кревети. Клиниката за торакална хирургија продолжува со нормална работа за итни случаи, а хируршкте интервенции во моментов се редуцирани и се изведуваат само итни операции и операции на малигни состојби.
Делот од патологија на Клиниката за пластична хирургија се префрла во болницата Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнителен капацитет за прием на пациенти со ковид се подготвува и на Клиниката за кардиологија, каде за болните со ковид ќе бидат обезбедени 50 кревети. Со оваа реорганизација капацитетот во Клиничкиот центар се зголемува за 100 кревети.
Во ГОБ „8 Септември“ ќе се отвори одделение со дополнителни 25 болнички кревети за ковид пациенти. Во болницата ќе се немали хируршкиот програм и ќе се вршат само итни операции и операции на малигни болести кои се неодложни.
Во ковид одделите во внатрешноста има доволен број на болнички кревети и капацитетите во болниците не се оптоварени.