Синдикатот на РЕК „Осломеј“ донираше 35 трајни заштитни скафандери во Ургентниот центар – брза помош во Кичево за заштита на медицинскиот персонал во центарот.
За вработените во брзата помош синдикатот донираше и ракавици, маски и дезинфекциски средства за раце, со цел безбедно пружање здравствена услуга на граѓаните на Кичево преку заштита и на пациентите и на медицинските лица.
М.М.