Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на кови-19 во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 487 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, Прилеп и Охрид – по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево – 18, Штип и Кочани – по 13, Велес и Струга – по 9, Тетово и Гостивар – по 8, Виница, Берово и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Дебар и Неготино – по 5, Пехчево – 4, Ресен и Гевгелија – по 3, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 2, Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Од пријавените сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.093 тестови преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–84, МАНУ-83, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Авицена-203, Биотек-251, Систина-148, лабораторија Лаор-148, Синлаб-38, Ремедика-0, Плодност–30, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 515.
Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.101, активни 4.697
Куманово 8.752, активни 795
Прилеп 8.251, активни 350
Тетово 7.178, активни 419
Битола 6.246, активни 617
Велес 5.454, активни 346
Гостивар 5.151, активни 260
Кавадарци 5.141, активни 185
Охрид 4.969, активни 345
Штип 4.949, активни 211
Струмица 4.088, активни 161
Струга 2.967, активни 118
Кочани 2.766, активни 125
Кичево 2.525, активни 210
Гевгелија 2.188, активни 154
Неготино 2.176, активни 124
Свети Николе 1.516, активни 91
Ресен 1.233, активни 180
Крива Паланка 1.216, активни 30
Радовиш 1.128, активни 86
Берово 1.026, активни 19
Делчево 963, активни 67
Дебар 938, активни 16
Виница 869, активни 111
Пробиштип 785, активни 19
Валандово 664, активни 14
Богданци 493, активни 31
Крушево 491, активни 72
Демир Капија 396, активни 14
Демир Хисар 395, активни 53
Кратово 361, активни 9
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 7
Македонска Каменица 242, активни 18
Дојран 132, активни 0