Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека денеска починала пациентката од Дебар која заедно со нејзиниот сопруг заболе од коронаврусот. Нејзината состојба беше подолго време влошена.
– Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот. Тоа е пациентката која беше подолго време на респираторна машина. Беше на 66 возрасна возраст и во историјата имаше дека пиела терапија за хипертензија – рече Филипче.
Тој додаде дека денеска до 12 часот има 22 нови заболени.