Третиот граѓанин на Општина Кичево кај кого е дијагностициран коронавирусот е лице што престојувалло во странство и кое по враќањето во земјава е сместено во државен карантин. Таму му е потврден наодот од коронавирусот, по што овој случај наликува на првозаразениот од овој град од 14 април кој, исто така, бил повратник од странство и смесетен во државен карантин во Скопје – информираа од Кризниот штаб.
Но, сѐ уше лебди дилемата, дали е позитивно на коронавирусот момчето кое беше сместено во охридската болница по пневмонијата која беше дијагностицирана, и кај кое во четири наврати се земани брисеви и сите четири се негативни. Допрва ќе се доистражува овој случај како би се надминале сите нејаснотии поврзани со овој случај – додаваат од штабот.