Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на новозаболени од коронавирус.
Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 53. Од нив, 43 лица се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 пациенти позитивни на коронавирус.
Ка.М.