Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години.
Пациентката имала претходни заболувања: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.
Во однос на пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постумно и е земен брис, истиот е позитивен на ковид-19. Со овие две новопотврдени жртви бројката на починати од ковид-19 во земјава се искачи на 11.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во Македонија. По градови: Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус до денеска изнесува 354 лице.