Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, по осум во Прилеп и Велес, два во Струга и по еден случај во Тетово, Кочани и Пробиштип.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во:
– Скопје – 273
– Куманово – 143
– Дебар – 49
– Штип-20
– Прилеп –46
– Тетово – 30
– Струга – 30
– Велес – 18
– Битола –8
– Охрид –3
– Кавадарци – 3
– Гостивар –4
– Гевглелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка-3
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 19
– Пробиштип – 1
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19, Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96.
Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на ковид-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.