Расте бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп. Во изминатите 24 часа регистирани се нови 14 заразени, со што сега вкупната бројка изнесува 72 лица. Едно лице од претходнозаболените е во потешка здравствена состојба. Ова денеска го потврдија на прес-конфетренција во општина Прилеп, од каде најавија дека ќе се планираат порирогорозни мерки за заштита и превенција од вирусот кој сега локално се шири.
– Од првиот случај на 25 март досега тестирани се 280 лица, а 72 лица се заразени досега. Чекаме резултати за уште 70 лица. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 12 лица. Од нив шест се потврдени дека се заразени со вирусот, три се суспектни односно се чекаат резулати и се примени вчера. Двајца се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Текот на болеста се менува, па ако има влошување ќе се транспортираат во Скопје.
Три лица се во Инфективната клиника во Скопје. Вкупниот број на заразени здравствени работници е шест. Се чекаат резултати од три други лица. Во петокот ги направивме контролните тестови на првите четири лица заразени и ќе кажеме дали се оздравени – вели Татјана Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје, потенцирајќи дека Прилеп е во втора фаза од епидемијата, кога се зголемува растот на бројот на заболени, што е очекувано.
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, по растот на бројот на заразени од ковид-19 во Прилеп, и едно лице кое е починато, рече дека ќе побара поригорозни мерки за превенција.
– Од вкупниот број заразени, две третини од заболените се работоспособни. Има и четири деца. Заради ова бараме воведување дополнителни мерки. За таа цел утре во посета на Прилеп ќе бидат вицепремиерите Радмила Шеќеринска и Бујар Османи и министерот за транспорт и врски со кои ќе разговараме за дополнителни мерки. Ќе побарам поголема вклученост на АРМ за спорведување на мерките и за спречување на групирањата и гужвите. Компаниите каде има потврдени случаи не треба да ги отворат капацитетите додека не се создадат условите. Мора да ги почитуваме мерките за заштита заради здравјето на сите – рече градоначалникот Јованоски.
Епидемилогот Татјана Станимировиќ посочува дека се откриваат нови случаи, кои и самите не знаат како се заразиле.
– Има доста асимтоматски носители. Има случаи каде не може да се одреди изворот на зараза. На почетокот се детектираа кластерите. Сега имаме нови заразени. Асимтоматските случаи немаат никакви симптоми. Правејќи ги епидемиолошките анкети ние откриваме дека лица имале симптоми и порано. Многу е тешко е да се откријат случаите. Кога ќе има симтоими се откриваат ретроградно и други случаи. Се следи епидемиолошкиот ланец. Во најголем број случаи ни се потврдени жариштата – посочува Станимировиќ.
Инаку, полицискиот час го прекршиле седум лица. Полицијата извршила 71 контрола на лица во изолација. Издадени се нови девет решенија за самоизолација.
Ка.М.